Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

Продолжуваат судењата против Мерко за незаконско поставување директори во повеќе училишта

Основниот суд во Струга денеска треба да продолжат судските процеси против градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот суд во Струга денеска треба да продолжат судските процеси против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта во општина Струга. Во еден предмет се споени училишта во Лабуништа, Радолиšta, Подгорци, додека за училиште во Велешта и за „Браќа Миладиновци“ во Струга се водат два одвоени предмети. За случајот со училиште „Зини Хани“ во Велешта, покрај Мерко, уште четири лица се обвинети за злоупотреба на службата и фалсификување. Според обвинението, покрај незаконското поставување на Екзона Шеј за директор, таа се товари и за фалсификување дипломи. За предметот за ОУ „Браќа Миладиновци“, Мерко се товари за незаконско поставување на Албана Жута за в.д. директор и директор на училиштето иако не исполнивала услови, односно не била назначена од редот на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик. Сведоците во овие случаи, кои според судечкиот судија Јордан Јованов не се појавиле на претходните судења без оправдани причини, денеска треба да бидат спроведени со полициска асистенција. Против Мерко вчера се одржаа два судски процеси, за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на општината и за незаконско поставување спомен обележје – плоча на општинската зграда.