Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Свет

Продолжуваат нападите помеѓу Иран и Израел, 52 американски авиони полекаа кон блискиот исток

Воениот судир меѓу Иран и Израел влегува во својата втора седмица, без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воениот судир меѓу Иран и Израел влегува во својата втора седмица, без најава за смирување. Рано изутрина, Израел беше цел на нов ракетен напад, при што беа активирани сирени во Тел Авив и неколку други градови, како и на окупираниот Западен Брег. Нападот следи само ден по изјавата на Техеран дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закани, додека Европа се обидува да посредува во мировен процес.

Во вчерашниот напад, иранските сили истрелаа 25 балистички ракети. Меѓу погодените цели се градинка, училиште и Институт за наука. Повредени се најмалку 12 лица. Како одговор, израелските воздушни сили спроведоа серија напади врз западен Иран, користејќи 15 борбени авиони.

Според организации за човекови права, од почетокот на израелските напади врз Иран, животот го загубиле најмалку 657 лица, а ранети се над 2.000. Иран не соопшти нови податоци за своите жртви, но во Израел досега биле повредени над 270 лица како последица на иранските ракетни напади.

Реклама

Во меѓувреме, на состанокот на Советот за безбедност на ОН, амбасадорите на двете земји разменија жестоки обвинувања. Се нарекоа меѓусебно „кукавици“, а ги обвинија спротивните страни за прекршување на меѓународното право. Амбасадорот на Израел најави дека нападите ќе продолжат „додека не се елиминира нуклеарната закана од Иран“.

Дополнителна загриженост предизвикува зголеменото воено присуство на САД во регионот. Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци за воздушен сообраќај, откри дека во изминатата недела 52 американски воени авиони полетале кон Блискиот Исток, многу од нив преку Велика Британија и грчкиот остров Крит. Ова е значителен пораст во однос на претходните недели.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одби да даде јасен одговор на новинарско прашање дали евентуален напад врз Иран би бил неговата најтешка одлука.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази сериозна загриженост и предупреди дека продолжувањето на конфликтот може да доведе до регионален пожар што „никој нема да може да го изгасне“.

Мирот сè уште изгледа далечен, а секој нов ден носи нови напади, жртви и страв од поширока војна.