Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Продолжуваат активностите за ревитализација на Универзалната сала во Скопје

По повеќе од една деценија застој, Скопјани конечно ќе го добијат долгоочеуваниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од една деценија застој, Скопјани конечно ќе го добијат долгоочеуваниот центар за култура. Започна реконструкцијата на Универзалната сала, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, а ќе биде готова до крајот на 2027 година. Властите оценуваат дека оваа инвестиција е од исклучително значење за македонската култура и идните генерации.

„ Проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива на некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и овој позади нас. Јас сум благодарен што овој објект што конечно после сите перипетија во минатото ке добие некаква физиономија. “– вели премиерот Христијан Мицкоски.

Салата ќе го задржи стариот автентичен изглед, но сепак ќе има новитети. Со нова современа опрема, звучна изолација, сценска технологија и иста челична конструкција, а испитувањата покажале дека нема никаква опасност да настрада во пожар.

Реклама

„Како што знаете во минатото беше поделена на 3 фази сега е по принципот клуч на рака, сумата е околу 20 милиони евра обезбедени од Владата преку Министерството за Култура. Направивме неколку испитувања, првите две испитувања беа нарачани од самиот изведувач, на почетокот на 2025 имавме уште едно испитување, резултатите што ги добивме укажаа дека нема никаква опасност врз челичната конструкција и тоа уверување го добивме и од експертизата и од професорот Гаревски.“– вели Министерот за култура, Зоран Љутков.

Во рамки на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, обновената Универзална сала ќе биде дел од културните настани, манифестации, концерти и театарски претстави повторно отворајќи ги вратите за граѓаните и културната сцена на градот.

„Ако во минатото имаше обиди и декларативни ветувања дека некој сака нешто да превземе, овде гледавме само прес конференции и никаква активност, затоа уште еднаш ќе се заблагодарам на владата што цврсто влегоа во овој процес за Скопје – град престолнина на културата да добие еден објект кој што ќе биде репрезентативен на градот и репрезентативен за државата.“– вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Реновирањето на Универзалната сала за време на минатата власт се одвиваше со прекини и застои, по што во 2024 година избувна пожар и нејзината реконструкција целосно запре. Актуелната влада ги расчисти административните и правни бариери. Инаку Универзалната сала беше изградена во 1965-та година, како дел од постземјотресната обнова на Скопје, а низ децениите прерасна во култен културен објект.