Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Продолжува трендот на намалување на бројот на првачиња во Источниот регион

Иселувањето во други градови или заминувањето на цели фамилии во странство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иселувањето во други градови или заминувањето на цели фамилии во странство и понатаму се причина за намалување на бројот на ученици.  Само во Штип, триесет и пет првачиња помалку од лани се пријавени за учебната 2025-2026. Се очекува во септември бројот на новозапишани да се зголеми, бидејќи праксата покажува дека најчесто пред самиот почеток на школската година  се запишуваат првооделенците кои со своите семејства се враќат од сезонска работа од странство.

„Малку е намалена бројката, но не е загрижувачка како што беше минатите години и беше еден негативен тренд. Бројката на запишни првчиња во моментот изнесува 363дечиња, а минатата година во овој период сме имале 398. Тоа значи дека на ниво на општина се запишани 35 дечиња помалку„ изјави Снежана Санева, од општинското Одделение за општи работи.

Со измените во Законот за основно образование, во Штип, реонизацијата строго се почитува и родителите веќе немаат можност да ги менуваат училиштата, како што беше пракса претходните години. Сепак и на овие уписи се регистрирани примери кадешто родителите ја менуваат адресата на живеење, само за да избегнат училиште каде има мешан состав на ученици.

Реклама

„Да кажеме дека е подобрена состојбата на тоа поле и родителите ги запишуваат децата во реоните каде припаѓаат, иако има спопрадични појави на недобри практики, односно менување на адресите за живеење се со цел да го запишат своето дете во училиштетот во кое тие сакаат“ изјави изјави Снежана Санева, од општинското Одделение за општи работи.

Намалување на првачиња има и во Кочани, Берово, Делчево. Овој негативен тренд е сериозен проблем, не само за Истокот, туку и за целата држава.  Статистиката покажува дека во изминатите седум години бројот на првачиња во државата се намалил за над 3.400.