Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. 

На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстени прашања од одбраната. Наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот, беа во фокусот на испитувањето.

Реклама

Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице одговараше на прашања на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, од каде што произлегува констатацијата во вештачењето дека на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер. Марковски притоа посочи дека во објектот не биле пронајдени остатоци од сунѓерот бидејќи целосно изгорел, но дека заклучокот е заснован на фотодокументација, снимки, наодите од другите вештачења и трагите пронајдени во објектот.

Предмет на испитување беа и градежните интервенции извршени при реконструкцијата во 2012 година, меѓу кои и зајакнувањето на меѓукатната конструкција со челични греди. Во однос на начинот на кој било изведено зајакнувањето, Марковски појасни дека не станува збор за темелна плоча, туку за подна плоча бидејќи објектот немал изведена темелна плоча.

Одбраната го оспоруваше и начинот на кој е утврдено кога била извршена оваа интервенција. Марковски наведе дека тимот што го изготвувал вештачењето добил податоци од сопственикот на објектот, Гроздан, како и дека тимот се повикувал на констатациите од тимската работа.

На прашањето дали има доказ за точниот период кога била изведена интервенцијата, Марковски одговори „поголем доказ од исказот на тој што го правел не може да најдете“.

Во продолжение на рочиштето беа разгледувани и прашања поврзани со сопственоста на делови од објектот, договорот за закуп и изградбата на две галерии. Одбраната постави и прашање дали левата галерија над бината се поврзува во иста точка со меѓукатната конструкција во приземјето, на што Марковски одговори дека не е сигурен, но посочи дека галериите додадени во 2012 година и отстранети во 2024 година влијаеле врз конструктивните елементи.

Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица што го изработиле, како што е најавено, треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството по што одбраната треба да почне со изведување докази. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.