Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Продолжува рочиштето за двојното убиство на Вања и Панче: ќе се чита исказот што Видевски го дал во обвинителството

На денешното рочиште за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче…

Сподели:

На денешното рочиште за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се читаше исказот што обвинетиот Боре Видевски го дал во обвинителството по апсењето. Ова следува откако тој на претходното рочиште даде целосен спротивен исказ и негираше дека е вмешан во грабнувањето на велешанецот и девојчето. Се читаше прво записник од 4.12.2023 година од изјавата на Видевски, во која тој во детали, описно и автентично ги опишува овие две монструозни кривични дела, од идеја до реализација и потоа што се случувало. Кажува дека идејата на обвинетиот Љупчо Палевски за киднапирање луѓе и барање откуп за нив, што му ја пренел сообвинетиот Велибор Манев, му се допаднала бидејќи бил во лоша финансиска состојба. За Панче вели му задал 2 удара во лицето, по што паднал. Велибор го врза со јаже. Горе во рудник слушнав истрел. Го видов Палчо како држи пиштол во раката. Го прашав: зошто го уби?”, ја читаше обвинителката изјавата на Боре дадена во истрагата. На прашањето Палевски му одговорил дека возилото е потребно за грабнување на девојката која не ја познава. „Знаеше дека ќе одела на училиште. Палчо ни кажа дека бил известен од таткото на девојчето дека ќе оди сама на училиште. Ни кажа дека треба да ја грабнеме девојката и да бараме откуп од нејзините родители”, се читаше исказот на Видевски од 4.12, по неговото апсење, односно 7 дена по убиството на Вања на 27.11.2023 година. Велешанецот Панче беше убиен на 22 Ноември, пет дена пред Вања. „Палчо ни го покажа девојчето на фотографија. Утрото на 27.11 тоа излезе од лифтот, Велибор и стави трака на устата. Ѝ рече да не вика, оти ќе ја убие. Велибор ја стави во гепек. По насока на Палчо, нејзиниот мобилен телефон го скршивме веднаш од патосницата за да се прекине секаков сигнал од него. Тргнавме кон Бразда, Палчо не чекаше на пат кон местото каде требаше да го носиме девојчето”, раскажувал тој во Декември. „Ја спуштивме, беше во вреќа. Слушнав истрел, ја уби. Го прашав зошто го стори тоа? Ги крена рамениците, не одговори ништо”, вели Видевски во изјавата пред обвинител на 4.12 по апсењето. Потоа го испрашуваше Палевски, Видевски му одговараше дека во целост го негира кривичното дело за кое е обвинет, ги негира сите искази што ги дал во обвинителството под присила. Потоа Палевски го праша дали Велибор Манев му пратил слика од Панче Жежовски. „Може и ми пратил по грешка. Игнорирам такви работи што немаат врска со мене”, одговори третообвинетиот Боре Видевски.