Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”.

Надзорната расправа почна завчера, а продолженија се најавени и за утре и за 26 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата и на другите пратеници.

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска на вчерашната расправа истакна дека ИЈЗ во координација со Министерството за здравство презема низа мерки за ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето.

Реклама

Андоновска рече дека Институтот соработува со локалните власти за креирање на политики, со цел намалување на емисиите на загадувачки материи, и објасни дека граѓаните се едуцираат и информираат преку веб страницата за нивото за загадување.

– Стручни лица на Институтот се дел од интерсекторски работни групи, соработуваат со локални власти за креирање на политики со кои ќе се намалат емисиите на загадувачки материи. Ние сме дел од институциите кои се произнесуваат за локалните акциони планови со краткорочни мерки за намалување на аерозагадувањето, даваме стручно мислење за интегрираните А и Б еколошки дозволи, постојано комуницираме со загрижени групи на граѓани но и пошироката јавност. Преку информации на нашата веб страна, информираме и едуцираме граѓани со посебен акцент на вулнерабилните групи на население за ризиците од загадениот воздух и за начини на лична заштита, особено во денови со високо загадување, објасни Андоновска.