Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Продолжува грижата за младите, Владата со оперативен план за над 16.000 млади низ 9 стратешки мерки

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска со оперативниот план за вработување на владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска со оперативниот план за вработување на владата на Република Македонија

„Владата се грижи за младите со сеопфатна стратегија и оперативен план од 40 милиони евра кој ќе опфати над 16.000 граѓани.

Владата е посветена на исполнување на сите ветени проекти за млади од програмата 1198.

Реклама

Оперативниот план за 2025 година се состои од мерка поддршка за самовработување која опфаќа три категории:

1.За невработени лица до 29 години која според проекциите, има опфат од 720 лица, а финансиската рамка е 615.000 денари неповратни средства.

2.Втората категорија се невработени лица над 29 години која опфаќа 610 лица, овде финансиската рамка е 430.000 денари неповратни средства.

3.Поддршката за вработување на здружување во друштво со ограничена одговорност, кое е предвидено да опфати 400 лица. Овде ќе може да се направи разлика во однос на финансиската рамка затоа што најнискиот износ од 861.000 денари ќе се однесува на два содружника над 29 години, а највисокиот од 1.230.000 денари се однесува на два содружника до 29 години.

Исто така дел од оперативниот план е и втората мерка поддршка за креирање на нови работни места и оваа мерка опфаќа нови работни места во микро, малите и средните претпријатија и граѓанските организации. Опфатот на мерката е за 1.570 лица.

Втората категорија тука е поддршката за вработување на лица со попречености и оваа мерка опфаќа вработување на 150 невработени лица.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање нови работни места со цел младите да останат во државата.“