Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Продолженија на три собраниски седници

Собранието денеска седници ќе одржи продолженија три пленарни седници – 49-та, 22-та…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска седници ќе одржи продолженија три пленарни седници – 49-та, 22-та и 41-та.

Предлог на закон за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, во прво читање е единстената заостаната точка на дневниот ред на 49-та седница.

На дневниот ред на 22. седница се останати Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2024 година, Предлогот за разрешување на членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија и Предлогот на декларација за признавање на Државата Палестина.

Реклама

На продолжението на 41. седница треба да бидат ратификувани Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки и Предлог на закон за ратификација на измената на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година, како и изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање.