Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Продлабочување на партнерството помеѓу Македонија и САД: Работна средба на Изет Меџити и Анџела Агелер

Денес, потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за животна средина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оствари работна средба со амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер, во Владата на Република Македонија.

Средбата беше одржана во конструктивна и пријателска атмосфера, со фокус на унапредување на партнерските односи помеѓу двете земји. Посебно беше истакнато стратешкото партнерство и континуираната поддршка која САД ја дава на Македонија, особено во контекст на евроинтеграциите и реформите. Изет Меџити ја повтори посветеноста на Владата за продолжување на реформите и за соработката во рамките на НАТО.

Истакната беше и важноста на правосудните реформи, како и борбата против корупцијата како основа за стабилна демократија. Двајцата соговорници се согласија дека реализацијата на проектите за изградба на коридорите 8 и 10Д треба да продолжи со интензивирање, при што беше нагласена важноста на овие инфраструктурни приоритети. На крајот беше потврден интересот за продлабочување на пријателската и партнерската соработка помеѓу двете земји.