Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Проданоски: Прилеп ќе добие трговски центар со забавен парк

Градиме трговски центар со забавен парк. Нова димензија на животот во Прилеп.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градиме трговски центар со забавен парк. Нова димензија на животот во Прилеп. Прилеп заслужува нова енергија и нови можности, објави Дејан Проданоски кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Прилеп.

Денес, најавувам проект што ќе внесе свеж дух во нашиот град. Изградба на современ трговски центар со забавен парк и паркинг простор во индустриската зона Металец. Ова е нешто што Прилеп до сега го немал. Место каде што ќе се сретнат бизнисот, забавата и семејниот живот

Со овој проект создаваме нови инвестиции, нови работи места и нови можности за граѓаните и локалниот бизнис. Паралелно ќе ја реконструираме улицата Александар Македонски која води кон зоната Металец.

Реклама

Со тоа ќе обезбедиме модерен пристап и подобра инфраструктура за сите што живеат и работат во овој дел од градот.

Ќе работиме кон рамномерен развој на сите делови од Прилеп. Подобри услови за стопанството и поквалитетен живот за секој граѓанин.

Овој проект е само дел од мозаикот на една нова слика за Прилеп. Град што расте инвестира и создава иднина. Одличен проект за Прилеп, одличен проект за иднината што ја заслужуваме.