Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Пробивањето и уредувањето на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово во фаза на реализација

Изградбата на новиот кружен тек во Куманово и пробивање на кракот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на новиот кружен тек во Куманово и пробивање на кракот на булеварот ќе завршат до крајот на годинава, соопштија денеска надлежните. Тендерската постапка е завршена, избран е изведувач и претходно решени се имотно-правните односи. Проектот е во фаза на реализација.

-Тоа се два проекти, пробивање на булеварот и изградба на кружен тек и дополнително проширување на една лента на „Доне Божинов“, до самиот кружен тек-рече градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Во периодов, градежни активноси има на булеварот „Октомвриска револуција“ кон улицата „Братство и единство“, по пробивањето на трасата ќе следи изградба на атмосферска канализација, замена на водоводната мрежа и приклучување на гасовод.

Реклама

– Извршена е експропријација, изработен е проект, обезбедени се средства и влеговме во фаза на реализација. Но, според мерењата, треба да има проширување од по еден и пол метар од левата и десната страна, што значи дека ќе треба да се отстранат потпорните ѕидови кај Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и Пензионерскиот дом. Дополнително, на таа локација има и објект за продажба за кој е поднесено барање за легализација-рече Димитриевски.

По завршувањето на овој крак, ќе започне изградбата на кружниот тек, со цел да се обезбеди непречен сообраќај во текот на градежните активности. Со реализацијата на проектите, Куманово ќе добие уште еден кружен тек, покрај веќе изградените на булеварот „Октомвриска револуција“, на влезот во градот, кај Серава и кај „Митев мост“.