Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Пробиштип обезбеди бесплатни ортопедски прегледи за најмладите

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и директорот на Јавната здравствена установа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и директорот на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Здравствен дом „Нада Михајлова“, Марјан Миленковски денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се обезбедуваат бесплатни ортопедски прегледи за најмладите жители на Општината. Тоневски вели дека со денешниот меморандум обезбедена е значајна поддршка за бебињата, децата и учениците.

-Со овој Меморандум се овозможува ангажирање на специјалист ортопед кој ќе врши бесплатни прегледи на бебиња, мали деца и ученици во основните училишта. Оваа иницијатива има за цел навремено откривање и превенција на евентуални ортопедски состојби кај децата, како и обезбедување квалитетна здравствена грижа достапна за сите – вели Тоневски. 

Првиот термин за бесплатни прегледи е 18 април 2026 година, а од Општината информираат дека родителите за закажување на термини треба да  се јават на 078/291-585, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.