Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Пробиштип го чествува празникот Голема Богородица, заштитничка на македонските рудари

Рударската општина Пробиштип го чествува големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рударската општина Пробиштип го чествува големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“, а воедно и Денот на рударите и Денот на Општината. По тој повод изминатите денови имаше низа на спортски и културно-уметнички настани, а на свечената седница на Советот на општина Пробиштип беа доделени награди и признанија на ученици и граѓани за афирмација на рударската општина Пробиштип.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски истакна дека Пробиштип е град кој низ децениите се менувал, растел и се развивал, но секогаш ја задржувал својата најголема вредност – луѓето кои живеат во него и кои со својот труд го градат неговото секојдневие и неговата иднина.

-Токму затоа, на свечената седница беа доделени награди и признанија на учениците и нивните ментори кои во изминатата учебна година постигнаа големи резултати и освоија високи места на државните натпревари. Исто така, беа доделени и златни плакети за особен придонес во развојот и афирмацијата на нашата општина. Им честитаме на сите наградени, им посакуваме уште поголеми успеси и во годините што доаѓаат. Нека е честит големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“, Денот на Општината и Денот на рударите. Среќно рудари – порача Тоневски.

Реклама

Чествувањето на празникот Голема Богородица, која е заштитничка на македонските рудари продолжува и наредните денови, а денеска ќе се одигра финалето на турнирот во мал фудбал на ракометното игралиште со почеток од 18 часот. Вечерта продолжува со голема Музичка вечер на Градскиот плоштад каде ќе настапат: Мелани Тарчуловска, Madonna Tribute Band, Саша Ковачевиќ и DJ DUFF. Утре се организира  детска забавна вечер со Дарко Ѓурчиновски и маскоти на Секундарниот плоштад од 19:00 часот. Во исто време на игралиштето во Градскиот парк ќе се одржи „Рудар рок фест“ со учество на познати имиња од земјата и странство.

В недела, 30 август ќе се одигра Финале на турнирот во тенис на Тениското игралиште во Градскиот парк со почеток од 17 часот,  а програмата за одбележување на овој празник се затвара со настанот „Legovec Land“ на игралиштето во Градскиот парк со почеток во 20 часот.