Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Пробиштип ги награди најдобрите крводарители

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и ОО Црвен крст-Пробиштип денеска на петмина крвадорители им доделија телевизори во знак на признание за нивната хуманост и долгодишна посветеност. Од општина Пробиштип информираат дека денешниот настан е по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството. -Во знак на признание за нивната хуманост и долгогодишна посветеност, денес […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и ОО Црвен крст-Пробиштип денеска на петмина крвадорители им доделија телевизори во знак на признание за нивната хуманост и долгодишна посветеност. Од општина Пробиштип информираат дека денешниот настан е по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството.

-Во знак на признание за нивната хуманост и долгогодишна посветеност, денес заедно со Црвениот крст – Пробиштип, им доделивме телевизори на петмина наши сограѓани – крводарители: Горан Моневски со 75 крводарувања, Коста Ташевски со 75 крводарувања, Драган Ѓорѓиев со 75 крводарувања, Горан Миленковски со 50 крводарувања и Ненад Павиќевиќ со 50 крводарувања – соопштија од општина Пробиштип.

Градоначалникот Тоневски додаде дека  хуманост, солидарност и подготвеност да се помогне се пример и гордост за целата општина. 

Реклама

-Благодарение на вас, но и на сите крводарители, многу семејства добиле надеж, а многу животи биле спасени – посочи Тоневски.