Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Привршува реконструкција на улицата „212“ во Гостивар

Реконструкцијата на улицата „212“ е во завршна фаза и се поставува асфалтен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата на улицата „212“ е во завршна фаза и се поставува асфалтен слој на коловозот, рече градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани по увидот на работите во населбата Малеарди.

Тој посочи дека станува збор за проектот на реконструкција на сообраќајница во должина од околу 400 метри која опфаќа и поправка на тротоарите. Со завршувањето на работите, во овој дел на градот ќе има побезбеден сообраќај.

– Се работи по најдобри стандарди и се користи нова метода со поставување на мрежа „геогрид“, со што трајноста ќе биде подолга. Вака уредена, многу ќе помогне за овој дел од градот во населбата Малеарди, но исто така и ќе го растовари сообраќајот по булеварот „Браќа Ѓиноски“ кој води од влезот на градот, рече Лимани.

Реклама

Вредноста на овој зафат е околу 11 милиони денари.

Градоначалникот најави дека деновиве ќе продолжи и реконструкцијата на булеварот кој е една најдолгите и најзначајните сообраќајници во Гостивар, која започна минатата есен.

– На последната средба со претставници на операторот беше договорено работите да почнат оваа недела, но заради објективни причини се одложи за наредната, рече градоначалникот Лимани.