Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Привилегиран статус и постепено интегрирање на Западен Балкан, предлага германскиот канцелар Фридрих Мерц

Германскиот канцелар Фридрих Мерц преку писмо до лидерите на Европска Унија предлага…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германскиот канцелар Фридрих Мерц преку писмо до лидерите на Европска Унија предлага нова динамика за пристап на земјите од Западен Балкан и Молдавија, преку постепено интегрирање. Тоа, според Мерц, значи дека земјите, преку градење блокови, постепено ќе ги прилагодуваат сопствените европски стандарди, „чекор по чекор“.

Ваквата идеја на Мерц ја става во геополитички контекст, имајќи ја предвид Украина. Со оглед на тоа што земјата е во војна, германскиот канцелар смета дека таа треба да добие статус на придружна земја-членка, која нема да има право на глас, а во меѓувреме постепено ќе ги применува европското законодавство и буџетот.

„Проширувањето на Европската Унија е геополитичка неопходност. Сепак, процесот на проширување трае предолго. Разбирливо е што ова создава фрустрација кај земјите-кандидатки, а исто така и кај земјите-членки. Затоа сум убеден дека ни е потребна нова динамика за Украина, како и за Западен Балкан и Молдавија.“

Реклама

Мерц посочува дека ваквиот пристап би можел да помогне и во тековните мировни процеси и создавање посилни безбедносни гаранции за Украина.

„Постепената интеграција би можела да се воспостави со ‘градење блокови‘ кои би можеле да бидат основа за целосна примена на соодветните области на политиката, а потоа да биде придружена со зголемена поддршка во процесот на спроведување на правниот поредок на ЕУ. Сето ова би можело значително да ги доближи земјите-кандидатки до нас и со тоа да предизвика нова амбиција за понатамошни реформи потребни за постигнување полноправно членство“, наведува Мерц во писмото.

Предлогот на Мерц се испраќа само неколку недели пред самитот на Западен Балкан во Црна Гора, закажан за почетокот на јуни.