Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Приведени шестмина возачи во државата за безобѕирно управување

Полициски службеници лишија од слобода шестмина возачи за безобѕирно управување на возило…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници лишија од слобода шестмина возачи за безобѕирно управување на возило во текот на изминатото деноноќие на територија на цела државата, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснија, еден управувал мотоцикл без возачка, друг возач предизвикал сообраќајна несреќа со измерени 1,75 промили алкохол во крвта.

– Од нив, двајца управувале возило без возачка дозвола, еден управувал мотоцикл без возачка, а тројца возеле под дејство на алкохол. Едно лице во Гевгелија управувало мотоцикл без возачка дозвола и по едно лице во општина Чашка и во Скопје, исто така, возеле без возачка дозвола. По едно лице во Битола, Скопје и Охрид констатирано е дека возеле под дејство на алкохол, при што кај возачот во Охрид му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта, информираа од МВР.

Реклама

По целосно документирање на случаите, како што додадоа од МВР, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, апелираа од МВР.