Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Приведени две лица во Кавадарци, под дејство на алкохол агресивно се однесувале кон полициски службеници 

Две лица во Кавадарци биле лишени од слобода минатата ноќ – под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две лица во Кавадарци биле лишени од слобода минатата ноќ – под дејство на алкохол, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Како што попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, во 19:05 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го привеле М.Ј., 51-годишен кавадарчанец, затоа што во ходник од зградата каде живее во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

– При преземање мерки, кај него биле измерени 1,44 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија оттаму.

Реклама

Во 23:10 часот пак, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го привеле Т.А., на возраст од 43 години од село Долна Бошава, кавадаречко. Тоа, затоа што, како што појаснија, на улица „7 Септември“ во Кавадарци, откако полициски службеници кои извршувале службени дејствија го забележале како го нарушува јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување, тој агресивно се однесувал и кон нив.

-При преземање мерки, кај него биле измерени 2,27 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.