Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Економија

Приватниот сектор е подготвен да го понесе товарот на македонската интеграција, но владите мора да ја испорачаат регулативата и инфраструктурата

Денеска во Тирана се одржува Лидерскиот самит. Нашиот апел до вас, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Тирана се одржува Лидерскиот самит. Нашиот апел до вас, како министри, е на состанокот да ја пренесете пораката на реалниот сектор јасно и недвосмислено: приватниот сектор е подготвен да инвестира, да се прилагодува и да го понесе товарот на економската интеграција, но владите мора да ја испорачаат регулативата и инфраструктурата, изјави в.д. претседателот на Коморскиот инвестициски форум – КИФ и претседател на Стопанската комора Бранко Азески.

Поминаа три години од воведувањето на Планот за раст. Коморскиот инвестициски форум од првиот ден го поддржува овој инструмент, бидејќи тој ја менува логиката на процесот: реформите конечно се поврзуваат со директен пристап до Единствениот пазар на Европската Унија и со конкретна финансиска поддршка. Тоа е пристап што бизнисот го разбира и го поздравува, вели Азески. Сепак остануваат отворени повеќе прашања за кои бизнисот во регионот на Западен Балкан бара решение.

  • Прво, проблемот со тарифните квоти на ЕУ за челик.  Претставува сериозна закана за производителите и извозниците, бидејќи ограничениот обем на бесцарински извоз и примената на дополнителна царина по исцрпувањето на квотите ја доведуваат во прашање конкурентноста на компаниите на нивниот најважен извозен пазар, што може да предизвика пренасочување на нарачките кон конкурентите, намалување на извозот и производството, како и негативни ефекти врз инвестициите и работните места.
  • Второ, границите и транспортот. Зелените ленти и спогодбите за граничните премини мора да станат реалност 24 часа на ден, седум дена во неделата. Автопатот на единствениот пазар нема да има смисла ако камионите со стока и понатаму чекаат со часови на границите. Секој изгубен час на граница е директна загуба на профит и конкурентност.
  • Трето, стандардите и зелената транзиција. Усогласувањето со индустриските стандарди и склучувањето на спогодбите за оцена на сообразноста (ACAA) се неопходни за нашите производи да влегуваат на европскиот пазар без двојни контроли и дополнителни трошоци. Истовремено, примената на механизмот за јаглеродно прилагодување на границите (ЦеБАМ) и интегрирањето на енергетските пазари бараат итна и координирана поддршка, за да не доживеат нашите извозници ценовен шок.
  • Четврто, дигитализацијата и капиталот. Иницијативите како „Роаминг како дома“, дигиталните иновациски хабови и најавениот Фонд за забрзан раст на Западен Балкан се вистинскиот правец. Но, пристапот до тие финансиски инструменти мора да биде ослободен од сложени бирократски процедури, за да стигне до малите и средните претпријатија кои се столбот на нашите економии.

Кога ќе ги погледнеме бројките и состојбата на терен, мораме да бидеме искрени. Процесот на економска конвергенција сè уште се соочува со истите стари тесни грла. За компаниите, точките за кои дискутирате денес не се административни поглавја, туку директен услов за опстанок и конкурентност: