Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Рецитал на тенорот Дамјан Попоски во КИЦ

Во организација на „Балкан опера студио“, вечер, во Салонот 19,19 при Културно-информативниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на „Балкан опера студио“, вечер, во Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се одржи рециталната „Вечер на американската соло песна на дваесеттиот век“ во изведба на тенорот Дамјан Попоски и пијанистката Јанинка Невчева. 

Рециталот е подготвен во Белград под менторство на професорите Никола Мијаиловиќ и Милица Илиќ, а на програмата се циклуси и соло песни на Семјуел Барбер, Чарлс Ајвс и Ерон Копланд.

Влезот за концертот е слободен.

Реклама

Дамјан Попоски дипломирал на Manhattan School of Music во Њу Јорк во класата на проф. Мињон Дан. Ги продолжил своите студии работејки со врвни имиња од оперскиот свет, како: Ширли Верет, Грациела Араја, Џована Канети, Пјер Миранда Фераро, Ниел Розеншаин… и пее на семинари водени од Питер Марк, Енза Ферари, Карло Бергонзи, Вирџиниа Зеани, Ворен Џоунс, Маурицио Арена, Џером Хаинс и Марија Кјара. Како дел од ЕПКАЗО (Езио Пинца совет за американски пејачи), Попоски ја пеел улогата на Али во концертната изведба на Росиниевата „Италијанка во Алжир“ низ Венето, Италија (Тревизо, Виторио Венето, Одерцо). Неговото оперско деби е во улогата на Бартоло („Свадбата на Фигаро“) во Ваимар, Германија. Освен во Македонија, Италија и Германија, настапува и низ САД, Канада, и Грција.

Јанинка Невчева основното музичко образование го стекнала во Кавадарци под раководство на проф. Весна Арангелова, кога ги направила првите чекори на сцената (концерти и натпревари). Образованието го продолжила во МБУЦ Илија Николовски – Луј, во класата на проф. Снежана Анастасова-Чадиковска, а потоа и во класата на проф. Борис Романов, каде ги завршува студиите во Скопје. Од 2000 до 2005 година се усовршувла  во Париз и работи на етномузиколошка тема „Народната музика во Македонија“. Редовно се претставува како солист и во повеќе камерни состави на домашната сцена („Скопско лето“, „Охридско лето“, „Интерфест“-Битола,…), како и надвор од земјава (Италија, Франција, Германија,…). Од 2006 година е музички соработник-корепетитор во Македонска опера и балет, редовно соработувајќи со домашни и светски диригенти и оперски режисери. Невчева е носител на наградата „Климентина Рафајловска“ (1995 год.).