Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Национален ЛАПСИ форум 2026 во Скопје, ќе бидат претставени 27 младински идеи

Национален ЛАПСИ форум 2026 – „Од младински идеи до локални решенија“ ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Национален ЛАПСИ форум 2026 – „Од младински идеи до локални решенија“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот Охрид. Форумот е завршен настан на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, преку кој младите во изминатите месеци работеа на идентификување на проблемите во своите заедници и предлагање конкретни решенија.

Во рамки на три циклуси работилници, истражувања и тимска работа, младите развиле вкупно 58 оригинални идеи, од кои 27 се избрани за националното финале.

На форумот се очекува учество на околу 160 млади и членови на локалните жири-комисии, како и претставници на државните и локалните институции, меѓународните партнери и граѓанскиот сектор.

Реклама

Учесниците ќе ги презентираат своите идеи од областа на социјалните и дигиталните иновации, подобрувањето на квалитетот на животот во локалните заедници, граѓанското учество и решавањето на општествените предизвици.

На свеченото отворање се најавени обраќања на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, претставникот на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА), Катица Јанева, и извршната директорка на Институтот Охрид, Билјана Јанева.

Централниот дел од форумот ќе биде посветен на презентацијата на финалистичките идеи и прогласувањето на најдобрата социјална иновација за 2026 година.

Од Институтот Охрид посочуваат дека целта на проектот е да се поврзат младите со институциите и да се создадат можности нивните идеи да прераснат во конкретни решенија за подобрување на животот во локалните заедници.