Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари

Управата за финансиска полиција ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден, 28.08.2025 година, на граничниот премин „Долно Блаце“, при обид за влез во Македонија, е лишен од слобода С.А., државјанин на Р.Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и кривично дело „Даночно затајување“ (чл.279 ст.3).
Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, лицето веднаш е превземено и изведено пред судија на претходна постапка од каде му е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што истиот е спроведен во КПУ Куманово.

Притворањето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица, како резултат на сложена предистражна постапка спроведена од страна на Управата за финансиска полиција, под раководство и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, во рамки на која беа превземени низа мерки и активности и беше обезбеден обемен доказен материјал, што резултираше со поднесување на кривична пријава против 13 физички лица и 10 правни лица, за сторени кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со што е предизвикана огромна штета на државниот буџет во висина од над 430 милиони денари.

Управата за финансиска полиција и понатаму останува посветена на борбата против организираниот финансиски криминал и заштитата на буџетот на државата.