Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Притвор за полициски службеник осомничен дека го оштетил државниот буџет

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор на полицаецот, поради опасност од бегство. 

Како што соопшти Обвинителството, од досега прибавените докази произлегува дека во периодот од април до јули годинава, во Скопје, осомничениот, како службено лице, со умисла презел повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело. Искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, тој ја злоупотребил својата службена положба и овластувања, односно не ја извршувал службената должност, при што за себе и за други лица прибавил противправна имотна корист, причинувајќи штета на Буџетот на Република Северна Македонија за најмалку 85 500 денари.

– Имено, додека извршувал работни задачи во депото на ЈП „Градски паркинг“, за дел од лицата на кои претходно, со специјално возило – пајак, им било подигнато возилото поради непрописно паркирање, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог. Наместо глобата да ја наплати преку ПОС-терминал, осомничениот ја наплаќал во готовина. На записниците приложувал потврда (слип) од ПОС-терминал за претходно извршена уплата по друг записник и на друго лице, додека паричните средства што ги примал во готовина ги задржувал за себе – се посочува во соопштението.

Реклама

Во други случаи, осомничениот прибавил противправна имотна корист за други лица и предизвикал штета на Буџетот на Република Северна Македонија така што, за дел од нив, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог во кои прекршокот го квалификувал како полесен, со што изрекувал помала глоба, спротивно на претходно утврдената фактичка состојба. За друг дел од лицата, пак, воопшто не изготвувал записник ниту наплатувал глоба, иако за нивните возила биле издадени налози за отстранување и тие биле сместени во депото на ЈП „Градски паркинг“, туку дозволувал возилата да го напуштат депото истиот ден.

Заради непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Како што објаснуваат од ЈОРСМ, предлогот е заснован на околностите што укажуваат на опасност од бегство, опасност од повторување на кривичното дело, како и опасност од влијание врз сведоците кои во текот на постапката дополнително ќе бидат повикани и испитани.

Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.