Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Притвор за битолчанецот вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца – соопштуваат од Јавното обвинителство на Македонија.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна установа, од април 2024 година до 1 април 2026 година на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.

Реклама

Постапката е резултат на предистражни дејства спроведени во координација меѓу Јавното обвинителство, СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Акцијата произлегла по добиено известување од Австралиската федерална полиција, која спровела меѓународна операција насочена кон откривање веб-страници што служеле за незаконска дистрибуција на ваков тип содржини.

Во рамките на акцијата австралиските служби идентификувале корисници што пристапувале до спорните веб-страници преку конкретни ИП-адреси, при што биле регистрирани и адреси поврзани со Република Северна Македонија. За добиените сознанија било испратено официјално известување до македонските надлежни органи.

Од Обвинителството соопштија дека продолжуваат проверките и во Скопје и во други градови со цел целосно расчистување на сите идентификувани случаи поврзани со оваа меѓународна истрага.