Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Прилепското обвинителство испитува случај со починато осумдневно бебе, донесено во Болницата без знаци на живот

Осумдневно бебе од Прилеп било вчера донесено на детското одделение во прилепската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумдневно бебе од Прилеп било вчера донесено на детското одделение во прилепската болница без знаци на живот. Бебето починало, а прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет и нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според СВР Битола, во полицијата за случајот било пријавено вчера изутрината во 8.35 часот.

– Во 8,35 часот вчера на 11 декември е пријавено дека на детското одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе старо осум дена. По  наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција, соопштуваат од СВР Битола.

Реклама

Од Основното јавно обвинителство го потврдуваат случајот и велат дека е отворен предмет зашто родилката се породила во прилепската болница и по два дена на нејзино барање си заминала со бебето.

-За случајот бевме известени во 8,10 часот вчера изутрината. На детското одделение се обиделе да го реанимираат бебето, но било безуспешно. Наредив обдукција за да се утврдат причините за смртта на бебето. Побарана е целокупната медицинска документација за породувањето и за медицинскиот третман при раѓањето. По два дена од пораѓањето, родилката на нејзино барање била отпуштена. Ќе се врши вештачење. Во меѓувреме извршен е разговор со родителите и е направен увид во семејството, вели основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

Семејството живее во периферната населба „Три Багреми“ во Прилеп и бебето било нивно трето дете.