Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Прилепската ТППЕ со показна јавна вежба го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарите

Под полна опрема, стручно и професионално, пожарникарите од ТППЕ од Прилеп за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под полна опрема, стручно и професионално, пожарникарите од ТППЕ од Прилеп за неполни десетина минути извлекоа заглавен човек од автомобил по сообраќајна незгода. Ова беше само мал сегмент од денешната јавна показна вежба, која прилепските пожарникари ја презентираа на Градскиот плоштад, а во чест на Денот на пожарникарството – 20 Мај. Според заменик-командирот на Единицата, пред почетокот на сезоната на пожари, едукацијата на целокупното население за превенција од пожари е од клучно значење, бидејќи во најголем број случаи пожарите, намерно или ненамерно, се предизвикани од човечки фактор.

„Овој период се врши превентивно тековно одржување на возилата за да бидат во што подобра кондиција кога би настанале пожарите на отворено. Нив ги потенцираме заради тоа што покриваме голема површина, станува збор за две општини. Возилата се во добра кондиција… Моментално сме 34 постојано вработени и 10 преку привремени вработувања… Досега имаме околу 350 пожари вкупно“, посочува Виктор Стојчески, заменик-командир на ТППЕ Прилеп.

Според Законот за пожарникарство, на 1.500 жители треба да има по еден пожарникар. А бидејќи прилепската ТППЕ покрива две општини со околу 75.000 жители и огромна површина, постоечкиот кусок од човечки и технички ресурси тековно се надминува, уверува градоначалникот на Прилеп. Тој најави набавка и на две нови возила кои ќе бидат донација, а од надлежните министерства се очекуваат и согласности за нови вработувања.

Реклама

„Во однос на техничката опременост, побаравме од нив да изработат список на возила кои со минимални средства можат да се коригираат, а вчера тоа беше тема и на УО на ЗЕЛС и сметам дека во таа насока се движи и цела Македонија во моментов, односно државните институции кои на некој начин се надлежни за справување со кризи и за заштита и спасување. Имаме неколку возила кои заменик-командирот ги даде како предлог дека треба да се дооспособат, а во преговори сум и за донација на две противпожарни возила, кои би значеле подобрување на техничката опременост на Службата“, кажа Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку, прилепската ТППЕ во моментов е многу блиску до законски потребниот минимум од 50 до 60 професионални пожарникари и пожарникари-доброволци, што не е случај во повеќе општини во државава, каде сè уште има недостиг од пожарникари.