Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Прилеп се подготвува за „Фестивал на пивото 2025“ – тридневен музички спектакл под Марковите кули

   Најатрактивната летна забавно-туристичка атракција во градот под Марковите Кули, која успешно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Најатрактивната летна забавно-туристичка атракција во градот под Марковите Кули, која успешно опстојува над две децении, популарниот „Фестивал на пивото 2025“, годинава ќе се одржи од 18 до 20 јули. Годинашните организатори – „Вајб евентс“, ветуваат исклучително богата тридневна музичка забава се’ до раните утрински часови, а додека од Општината, како редовни поддржувачи, најавуваат за два часа продолжено работно време на трговските и угостителските објекти, безбедност и хигиена на највисоко ниво, но и бројни квалитетни сместувачки капацитети.

  „Ве уверувам дека градот ќе биде целосно подготвен да ги пречека десетиците илјади посетители и љубители на добра музика, вкусна храна и ладно пиво. Во координаија со организаторот, со кого имаме потпишан Меморандум за соработка обезбедена е одлична музичка програма која ќе понуди незаборвна атмосфера за сите генерации“ – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  „Имаме шест пивари со над 20 вкусови на пиво, пиварите се од Македонија и од странство, Прилепска пиварница, Скопска, Македонско пиво, Сараевско пиво, „Митос“ и „Пиво Пеа“, 10-15 штандови ќе имаме вака општо на Плоштадот“ – рече Бојан Велевски, водтел на годинашниот Фестивал на пивото.

Реклама

   Инаку, на трите фестивалски вечери ќе настапат познати музички ѕвезди од земјава и од соседна Србија. Фестивалот ќе започне со настапите на Кристијан Дамјански, Наташа Малинова, Антонија Гигоска и Камерниот орекестар од Битола со Наде, Ристо и Андријана. Втората вечер е резервирана за Јана Мрческа, групата „Калабалак“, Дамјан Стојановски и Харис Џиновиќ, а додека завршницата ќе ја направат „Екстра бенд“, „Модерато“, „Тајзи“ и Никола Роквиќ. По овие настапи, забава со ди-џеи, годинава пак ќе има и на Камената бина. Според организаторите, за Фестивалот ќе бидат потрошени вкупно 100.000 евра, обезбедени од спонзори. Општина Прилеп настанот го поддржува со еден милион денари.