Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Прилози

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Уште 30 дена притвор за газда Деко, судот го одобри барањето. Еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште 30 дена притвор за газда Деко, судот го одобри барањето. Еден ден пред да му се отворат вратите, првообвинетиот за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“, Дејан Јованов доби нова мерка притвор од 1 месец за кривично дело „примање поткуп“.

Тој веќе помина една година во притвор поради обвинение за делото „тешки дела против општата сигурност“. Сега, се соочува со ново обвинение за давање „пари на рака“ за легализирање на „кабарето“ како објект за вршење угостителска дејност.

Поткупот во два наврати го дал на службеникот Џеваир Камбери од Министерството за економија против кого исто така се води судска постапка за примање мито. Во обвинението се истакнува дека делото било извршено без воопшто да се поднесе барање за лиценца и со целосно знаење дека „дискотеката“ не ги исполнувала законските потреби. Поради ризик од бегство обвинетиот бивш газда на дискотеката доби нови решетки.

Реклама

„Притворот е определен поради постоење на основите предвидени во член 165 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривичната постапка, односно поради постоење опасност осомничениот да се даде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Мерката притвор започнува да се извршува од 03.10.2026 година, имајќи предвид дека лицето во моментот веќе издржува мерка притвор во предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс““, соопштија од Основен кривичен суд Скопје

Јованов веќе се обиде да излезе од претходниот притвор, одбраната понуди имот вреден 195.820 евра како гаранција дека нема да побегне, но доби негативен одговор. Обвинителството го одби предлогот и посочи дека понудениот имот е веќе на милост на судот и не може да се искористи како гаранција. Денеска одбраната и официјално го повлече овој предлог.

„Судот особено треба да го цени фактот дека изјавата со која се дава согласност понудениот имот да биде даден како гаранција обвинетиот Дејан Јованов ја дал иако бил свесен дека дел од понудениот недвижен имот е предмет на извршување, па ниту може да биде ставен под хипотека, уште помалку да биде впаричен. Освен тоа, понудените недвижности во голем дел се состојат од помошни простории, објекти, шупи, плевна, а кои претходно биле бесправни објекти и тој имот, при евентуална потреба, исклучително тешко ќе може да биде впаричен, а секако не во висина на износот на кој е проценет“, соопштија од ОЈО ГОКК

ОЈО Кочани оцени дека притворот е апсолутно не опходна мерка за обезбедувањето на присуствтото на осоомничениот во оглед на сите околности.