Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

Пријава од ДКСК до Јавното обвинителство за поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ „Неготино“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ „Неготино“.

Целата документација ќе биде поднесена за постапување до Јавното обвинителство, одлучи ДКСК за предметот, кој на денешната седница го соопшти членот на ДКСК, Сервет Демири.

– Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор на АД ТЕЦ „Неготино“. Пријавените лица наведени во пријавата биле членови на поранешниот управен одбор на АД, воедно и распоредени на директорски позиции во организациски единици во ТЕЦ „Неготино“. По статусната промена и соединувањето на АД ТЕЦ „Неготино“ кон АД ЕСМ – Скопје, по престанок на функциите, како членови на управниот одбор овие лица останале во работен однос во АД, што било незаконски бидејќи вработувањето во трговските друштва во државна сопственост единствено е преку јавен оглас. Оправдување за таквиот начин на вработување биле менаџерските договори врз основа на кои им било овозможено да изберат дали ќе останат во АД или ќе се вратат на старите работни места од каде што дошле пред изборот. Дополнително во пријавата, лицата добиле средства во вид на апанажа врз основа на менаџерски договори во висина од целосни 12 плати, што претставуваат дополнителни приходи на редовната плата што ја добивале, а тоа значи дека како вработени во АД добивале редовна месечна плата и плус една плата во согласност со менаџерските договори. По разгледување на документацијата, ДКСК утврди дека наводите се потврдуваат и во согласност со Законот за спречување корупција и судир на интереси против пријавените лица ќе иницира постапка до надлежен орган – информира Демири, кој заедно со другите членови на ДКСК донесоа едногласна одлука за поднесување пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на АД ТЕЦ „Неготино“.

Реклама

На денешната седница ДКСК разгледа повеќе пријави од непознат и познат пријавител, како и предмети по сопствена иницијатива на членовите на ДКСК поврзани со неподнесување изјави за имотна состојба на избрани и именувани лица, предмети за корупција и судир на интереси во разни сфери.

– ДКСК редовно ги следи изданијата на „Службен весник“ во однос на исполнувањето на законската обврска за пријавување на имотната состојба и судир на интересите во законски определен рок на лица по нивниот избор или престанок на функцијата. За февруари, според изданијата на „Службен весник“, констатиравме дека 43 лица, кои се именувани или разрешени во февруари, не ја исполните законската обврска и за нив ќе биде издаден прекршочен платен налог, кој е казнив – истакна претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска донесе решение за запишување на Билјана Јовановска од Скопје во регистерот на лобисти, лоби-организации и лобирање, која како лобистка се регистрира за вршење лобирање во областа труд и социјална политика.