Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Претставување на кандидатите за член на Судскиот совет што го избира Собранието

Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на дневен ред е јавна расправа за претставување на кандидатите што ги исполнуваат условите по пгласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. 

На огласот се пријавија десет кандидати, а работната група составена од комисијата утврди дека само шестмина ги исполнуваат предвидените услови.

Свои претставувања за член на Судскиот совет што го избира Собранието ќе имаат Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово; Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од од с. Чејле, Гостивар; Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Равен, Гостивар; Фадил Џелил, магистер на правни науки со положен правосуден испит од с. Чегране, Гостивар; Светлана Попова, магистер на правни науки со положен правосуден испит од Штип; и Сејфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.