Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Претставници од Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија и партнери во посета на Кочани

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Швајцарија, Фармахем, Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и ЈП Национални шуми, остварија работна средба во Кочани, посветена на согледување на актуелните состојби, предизвиците и можностите за понатамошен развој во областа на животната средина и инфраструктурата. Со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, се разговараше за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Швајцарија, Фармахем, Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и ЈП Национални шуми, остварија работна средба во Кочани, посветена на согледување на актуелните состојби, предизвиците и можностите за понатамошен развој во областа на животната средина и инфраструктурата.

Со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, се разговараше за тековните потреби и можните решенија за надминување на постојните предизвици, со посебен акцент на водоснабдувањето, одведувањето и пречистувањето на отпадните води.

Градоначалникот Владко Грозданов, заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска и претставниците на институциите ја посетија Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и Инфо-центарот на Пониква – проекти реализирани со финансиска поддршка од Швајцарија.

Реклама

При посетата на Пониква беше отворена и дискусија за идниот развој на ова подрачје, при што беше истакната визијата за негово позиционирање како современ туристички центар, со одржлив пристап и соодветна инфраструктурна поддршка.

Учесниците ја нагласија важноста од меѓуинституционалната соработка и продолжување на партнерските активности за подобрување на условите за живот и создавање одржливи решенија за развој на општината.