Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Претставници на проектот Еразмус+ од Шпанија на прием кај градоначалникот на Општина Илинден

Ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат во општина Илинден во рамки на проектот Еразмус+, што се реализира во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ денеска беа на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски.

На средбата, информираат од локалната самоуправа, градоначалникот Георгиевски им посака топло добредојде на гостите, истакнувајќи дека ваквите меѓународни образовни размени претставуваат значајна можност за унапредување на соработката, стекнување нови знаења и градење пријателства меѓу младите.

-Општина Илинден секогаш ќе ги поддржува проектите кои овозможуваат поврзување на младите, размена на искуства и запознавање на различни култури. Верувам дека престојот во нашата општина ќе остави убави спомени кај учениците и наставниците, а воспоставените контакти ќе бидат поттик за идни успешни соработки- истакна градоначалникот Георгиевски.

Реклама

Во рамки на посетата, учениците и наставниците од Шпанија, заедно со нивните домаќини од ООУ „Гоце Делчев“, ќе реализираат повеќе заеднички активности, со цел размена на искуства, промоција на културните вредности и јакнење на меѓународната соработка во образованието.