Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Претставници на 31 медицинска установа од 19 држави во Европа доѓаат во Кочани на одбележувањето на трагедијата од 16.март ланиет

Претставници од 31 медицинска установа од 19 држави од Европа ќе присуствуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници од 31 медицинска установа од 19 држави од Европа ќе присуствуваат на одбележувањето на првата годишнина од трагичниот настан во „Пулс“, најавено е денеска на прес конференција на која присуствуваа  градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов и претставници на Организацскиот одбор.

На пресот, градоначалникот Владко Грозданов  упати апел до граѓаните во текот на тридневното одбележување на најголемата трагедија на Кочани во поновата историја, да се воздржат од излегување на улица со автомобил со цел странските делегации што го потврдиле своето доаѓање да можат слободно да седвижат низ градот, нагласувајчи дека сообраќајниот режим ќе биде регулиран од полициски службеници.

Истовремено, Грозданов упати препорака до јавниот и приватниот сектор во градот да ги ослободат вработени од работните обврските за да може сите заедно на достоинствен начин да им оддадат почит на жртвите во пожарот што се случи минатата година на 16- ти март во Кочани

Реклама

На прес конференцијата  градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов,  повтори дека содржините започнуваат на на 14 – ти и ќе се одвива до 16 март на различни локации.

Првиот ден од одбележувањето на  годишнината ќе започне со  богослужба во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Во 8 часот ќе има литургија за упокоените, а во 9,30 часот – општ парастос. Во 10, 45 часот на Градските гробишта ќе биде одржан трикратен опело за жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“  

Следниот ден, на 15 март, во 9 часот е предвидена рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“, на релација на Пониква.

Исто така, на 15- ти, со почеток во 10 часот, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата. Во ЦК „Бели мугри“, во 13, 30 часот ќе биде прикажан музичко-балетски перформанс насловен  „Кочани ви благодари“, по што следува концерт на Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Во 17,30 часот во еден од салоните на „Бели мугри“ ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.

Содржините од одбележување на кочанската трагедија на 16-ти март започнуваат во 02,15 часот пред дискотеката „Пулс“, каде ќе се одржи настан насловен „Светлина што останува“, а во 7 часот започнува трката „Св. Николе – Штип – Облешево – Кочани“.

Во Паркот на револуцијата во Кочани на 16 – ти, во 8,45 часот ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, со муралот „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите.

Во 9 часот е предвиден прием на гости и делегации во Општината, а во 10 часот е  молитвата за упокоените.

Комеморацијата „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ ќе се одржи во 10,30 часот во ЦК „Бели мугри“, додека во 12,30 часот, според програмата, претстои отворањето на меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“, со што завршува тридневното оддавање на почит кон загинатите во пожарот вокочанската дискотека.