Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски потпиша Протокол за соработка со Врховниот уставен суд на Египет

Претседателот на Уставиот суд, Дарко Костадиновски и претседателот на Врховниот уставен суд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставиот суд, Дарко Костадиновски и претседателот на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет, Булос Фатимп Искандар потпишаа Протокол за соработка. По повод потпишувањето, двајцата претседатели изразија задоволство и уверување дека со овој документ се воспоставуваат нови перспективи за натамошно унапредување на соработката, размена на искуства и техники за унапредување и поефикасно работење.

Како што информира Уставниот суд, разговорите се одвиваа во насока на билатерална размена на знаења и практики, се дискутираше и од аспект на проширување на соработката на меѓународен план, со цел информирање и градење на ставови во рамки на Светската конференција на уставни судови.

Посетата на  Костадиновски на Египет е по повод учесто на претседателот Костадиновски на Состанокот на највисоко ниво на африканските уставни судови, на кој присуствуваат и претседателот на Уставниот суд на Шпанија,Кандидо Конде-Пумпидо кој ја претставува Светската конференција на уставни судови, Елена-Симина Танасеску како претседавач на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата.

Реклама

Костадиновски, покрај тоа што го претставува Уставниот суд на Република Северна Македонија, е во својство и на претседавач и претставник на Балканскиот форум на уставни судови. Тој денеска ќе одржи говор на тема „Уставното судство во Македонија, патот од строг формализам до жив конституционализам”.

На маргините на настанот, претседателот Костадиновски денеска се сретна со претседателот на турскиот Уставен суд, Кадир Озкаја, 0претседателката на Уставниот суд на Алжир Лејла Аслои. Костадиновски оствари и средба со Јунг Јунгми, судијка на Уставниот суд на Кореја, на која беше истакнато задоволство од развивање на соработката и најавено присуство на претставници од Судот во Кореја на 4. Конгрес на Балканскиот форум на уставни судови кој ќе се одржи од 12-14 ноември во Охрид.