Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Претседателката на Советот на обвинители не гледа вина кај членовите за доверба на граѓаните од 2 %

Домашните експерти и претставниците на меѓународната заедница во Македонија не го критикувале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Домашните експерти и претставниците на меѓународната заедница во Македонија не го критикувале Советот на јавни обвинители, ниту членовите биле споменати во некаква негативна конотација, во ниту еден извештај за состојбата на правосудството. Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска како да не е информирана и да не гледа вести. И покрај сите критики упатени на нивна адреса во последниве години, таа е уверена дека членовите немаат врска со стопената доверба на граѓаните од 2%, во судско-обвинителскиот систем.

Иако последниот годишен извештај за работата на советот, беше негативно оценет од пратениците во Собранието коишто побараа членовите да си поднесат оставки од морални причини, претседателка Димитриевска вели дека тоа е работа на Парламентот, и таа немала информација како тие се оценети, ниту дека Извештајот поминал на пленарна седница.

Ниту државниот обвинител Љупчо Коцевски нема коментар за негативниот извештај на членовите на Советот. Тој вели дека прашањето за оставки од морални причини требало да биде поставено до членовите на Советот на обвинители, иако и тој е еден од членовите.

Реклама

Инаку последниот скандал поврзан со Советот на Обвинители е упадот на претседателката Димитриевска и нејзиниот заменик Башким Бесими во Управниот одбор на Академијата за судии и  јавни обвинители. Антикорупциската комисија ги повика Судскиот совет и Советот на обвинители да ги отповикаат членовите што ги именуваа во Управниот одбор на Академијата затоа што смета дека именувањето е незаконско. Членовите од Судски и од Обвинителски совет сакаат да селектираат кандидати во Академијата, но и да изменуваат и разрешуваат судии и обвинители. Според нив ова е морално и законско и тие не ги повлекоа членовите.

Претходно, членот на Советот Изет Меџети поднесе оставка, откако беше осомничен во случај со подмитување. Заедно со врховниот судија Наќе Георгиев договарале предмети за мито од 10 илјади евра. Мемети беше избран за член на Советот на јавни обвинители во Собранието.

ЕК е против распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет. Според нив распуштањето ќе ја поткопа независноста на судството, а Судскиот совет треба да се реформира со новиот закон. Сепак ЕК укажува и на тоа дека нема никаков напредок во борбата против корупцијата и нејзината распространетост во суте области.