Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Препораки на МОН за справување со загадување на воздухот во основните и средните училишта

Министерството за образование и наука објави Препораки и Добри практики за подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука објави Препораки и Добри практики за подобрување на квалитетот на воздухот и за справување со загадувањето на воздухот, наменети за основните и средните училишта.

Тие се изработени од Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Институтот за јавно здравје, Медицинскиот факултет во Скопје, Клиниката за детски болести, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, УНИЦЕФ, УНДП и Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

-Овие препораки имаат цел да им помогнат на училиштата со постапки за заштита на децата (како ранлива категорија) и возрасните од загаден амбиентен воздух – но училиштата треба да истражат дополнителни мерки и да го користат своето сопствено расудување во ситуации на несигурност. Понекогаш загадувањето на воздухот може да се појави одеднаш (како што е случај со пожар или интензивни градежни активности во близина) а податоците од мерната станица може да доцнат или да не бидат достапни воопшто. Во такви случаи, училиштата треба да бидат проактивни, да ја избегнат или намалат изложеноста на загадувањето и да преземат мерки за заштита, се наведува меѓу другото во Препораките објавени на веб-страницата на МОН. 

Реклама

Во објавените Добри практики за подобрување на воздухот внатре во училиштето, пак, МОН наведува дека „загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки“.

-Покрај загадувањето што може да дојде однадвор, воздухот во затворени простории може да биде загаден од извори како хемикалии, испарувања, нечистотија и прашина, пушење (вклучително и електронски цигари), радон и биолошки загадувачи како што се мувла, штетници, бактерии и вируси. Овие загадувачи можат да го влошат квалитетот на воздухот во затворени простории во услови на слаба вентилација/филтрација и несоодветна температура и влажност, а со тоа – да имаат директни последици по здравјето на луѓето кои престојуваат во тие простории, се наведува меѓу другото во Добри практики објавени за заштита од загаден воздух што ги објави МОН.