Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Пренџов: Во Македонија за прв пат имаме градежна офанзива која ќе ја трансформира државата

Денес светот се соочува со Влада, која што не се инаети, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес светот се соочува со Влада, која што не се инаети, но истовремено не е корумпирана и не замижува пред интересите на граѓаните и нас ни е должност да се грижиме за иднината на државата на секој еден којшто живее во Македонија, прецизираше во своето излагање пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Пренџов говореше за позитивните промени коишто се случуваат во Македонија, истакна за зајакнување на односите со САД и нагласи дека Македонија со стратешкиот Договор со Обединетото Кралство добива уште еден моќен сојузник.

-Целиот овој склоп на промена на Македонија, зајакнување на односите со САД, правење многу силен сојуз со Велика Британија, тоа е една промена на целокупниот изглед и начин на функционирање на Македонија. Македонија станува држава која што знае што сака и има проектирана цел кон која што се движи. Така што тоа се делови кои што значат многу во нашите позиции, кога ќе разговараме во следниот период, во нашите погледи во однос на Балканската геополитика, и мислам дека добри работи се случуваат и сите ние коишто живееме во Македонија го заслужуваме тоа после долго време, посочи Пренџов.

Реклама

Пренџов се осврна на стратешкиот Договорот со Обединетото кралство и можностите кои се поврзани со истиот. Тој истакна дека следува градежна офанзива која што ќе ја трансформира државата. Тој додаде дека клучниот инфраструктурен проект од договорот е изградба и реконструкција на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, а планирани се и инвестиции за изградба на Медицински факултет во Штип и на студентски дом.

-Во Македонија за прв пат имаме таква градежна офанзива која што ќе го смени на позитивно описот на државата. Ќе се инвестира со овие пет милијарди фунти од страна на Британија. Ќе имаме брза пруга од границата со Србија до границата со Грција. Покрај тоа што ќе имаме автопат од север до југ ќе имаме и брза железница. Второ, во Штип, во Тетово и во Кичево имаме една нова и две целосно реконструкции на болници и клинички центар во Штип. Покрај тоа што ќе има клинички центар во Штип, ќе се отвори и Медицински факултет којшто притоа ќе има и студентски дом со некаде околу 200 легла, заклучува Пренџов.