Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Пренџов: Министерот Тошковски и институциите успешно ја водат истрагата, имаме 36 лица во притвор, ќе го сотреме криминалот и корупцијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, изјави дека институциите успешно ја вршат својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, изјави дека институциите успешно ја вршат својата работа во врска со истрагата за пожарот во Кочани, истакнувајќи дека јавноста има увид во напорите на МВР и министерот Панче Тошковски. Според него, во првата фаза од истрагата веќе има приведени и осомничени лица, што, како што нагласи, е значителен напредок во споредба со минатото, кога не биле поднесени никакви обвиненија.

„Во последните неколку години живи луѓе ни гореа, имавме нула обвинети, нула кривични пријави… денес имаме сосема различен случај“, изјави Пренџов, додавајќи дека во првите 72 часа од истрагата, над 30 лица биле повикани на распит, а 36 завршиле во притвор.

Пратеникот истакна дека ефикасноста на актуелната власт постепено ја враќа довербата на граѓаните во институциите. „Членови на СДС, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во притвор, тоа е фактичка состојба и само така треба да продолжиме“, додаде тој.

Реклама

Пренџов го пофали министерот Панче Тошковски за неговата борба против криминалот и корупцијата, истакнувајќи дека бројот на избркани службеници од МВР значително се зголемил откако Тошковски ја презел функцијата. Според него, нема да има пардон за никого кој е вмешан во криминал, за разлика од минатото. „Панче Тошковски ќе ја истера работата до крај“, заклучи Пренџов.