Реклама
Македонија

Пренџов: СДСM ја остави државата дупло задолжена со 323 милиони евра долг

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија на една од националните телевизии се осврна на економските политики кои ги презема власта и направи паралела на економските политики кои беа преземани од опозициската СДСМ. Тој додаде дека во поглед на задолжувањата, во рамки на Буџет, државата била дупло задолжена за време на опозициската СДСМ, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2017 година кога вашиот поранешен лидер ја презема власта, ставката камати во рамки на тогашниот буџет била 133 милиони евра, толку оваа држава плаќала за камати и била задолжена од сите влади заедно до појавата на Зоран Заев на политичката сцена. Денес, имаме 323 милиони евра за камати во рамки на Буџет. Значи земате држава со 133 милиони евра за камати, тоа се пари фрлени во воздух, а ја оставате со 323 милиони, дупло, тоа е околу тоа кој ја задолжува Македонија“, рече Пренџов.

Пренџов нагласи дека дефицитот во периодот 2019-2023 година изнесувал 4.5%, додека во периодот 2024-2025 година изнесува 4%, и додаде дека растот изнесува 3,5%, додека кога СДС биле управувачко мнозинство, како што кажа, растот изнесувал 2,8%.

Реклама

„Сооднос на економски раст и дефицит, дефицитот е најлош во периодот 2019-2023 година, а е најдобар во периодот 2024-2025 година. Имаме 3,5% раст, 4% дефицит. Кога вие сте биле управувачко мнозинство сме имале 2,8% раст, 4.5% дефицит, и тоа е втората лага која што морам да ја демистифицирам“, објасни Пренџов.

Пренџов се осврна на рефинансирачките циклуси на земени кредити од страна на опозициската СДСМ, и нагласи дека токму кога СДСМ биле мнозинство, во Собрание се правеле и по три задолжувања на една седница.

„Сте се задолжиле во март 2024 година, 99 милиони за регионална гасификација, потоа Програма за одржливост и отпор, 50 милиони, истата недела сте се задолжиле 90 милиони за Договор за заем заснован на политики на Македонија, потоа следната недела сте се задолжиле со 100 милиони евра макрофинансиска стабилност, и затоа  беше нов ден ново задолжување“, посочи Пренџов и додаде:

„Во поглед на денешните задолжувања, во рамки на буџетот за којшто и јас и вие полемизиравме, во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, многу добро знаете дека планираниот дефицит за оваа година беше една милијарда и 300 милиони евра, многу добро знаете дека една милијарда ги земаме како обврзница а овие 300 милиони пишува дека ќе бидат од надворешно финансирање. До околу 15 банки имаме пуштено понуда, од 8 ни е одговорено, и имаме каматна стапка од 2,1% што е најниска на било која држава што се задолжила. И трето, долгот не е 300 милиони, рековме дека ќе биде 260 милиони, бидејќи сметаме дека ќе добиеме добиеме дополнителни средства од страна на ЕУ, врз основа на реформите и Планот за раст којшто, повторно, како и лани во март, така и оваа година ќе ги направиме сите реформи и први ќе ги добиеме средствата. Тоа е вистината“.

Пренџов: На СДС полни им се устите со ЕУ, но не прават ништо за приближување, избегаа и од работната група за Изборниот законик 

Пренџов се осврна на темата за Изборниот законик, поконкретно за работната група која во моментов работи во Министерството за правда под покровителство на министерот. Тој вели дека СДСМ е единствената политичка партија која ги напушти преговорите, и според него, тоа е една од недржавотворните одлуки кои опозициската партија ги носи на сметка на граѓаните и угледот на државата.

,,Она коешто не можеам да се изначудам, ајде тоа што де јуре вие сте полни со Европа и европски вредности, иако ништо немате направено да не доближите до Европа и ова што значи План за раст, од којшто како опозиција, како партија сте вклучени во еден закон, тоа е изборниот, сте единствената политичка партија која што ги напушта преговорите“, рече Пренџов.

Тој кажа дека има политички партии кои учествуваат во работната група, а немаат ориентација како СДС што има кон ЕУ и Брисел, како што вели тој, СДСМ бара алиби преку изговори како тој за укинувањето на техничката влада.

,,И тоа е една од недржавотворните одлуки коишто моментално ги носите на сметка на граѓаните на оваа држава и на сметка на угледот на Македонија. На Венко Филипче каприцот нема да биде исполнет со техничката влада и да знаете дека сите реформи ќе ги завршиме на време“, истакна тој и додаде:

,,Минатата година Македонија, за што треба да пофалиме беше единствената држава од петте држави од Западен Балкан, која што прва ги заврши реформите за Брисел и за Планот за раст и први ги добивме средствата, кои што 2/3 се како ниски кредити, 1/3 се како грантови од страна на ЕУ. Оваа година повторно ќе бидеме први и повторно ќе завршиме 90% од она кое што ни е задача“, кажа Пренџов.

Според него, од СДСМ треба да бидат информирани што се случува на тие преговори, со оглед на тоа што траат повеќе месеци, а напомена и дека еден од потпретседателите на СДСМ до пред два состаноци бил активен.

,,Има големи поместувања, се работеше согласно интересни, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но ова антидржавно однесување на Венко Филипче и повлекување поради каприци ќе оставам да го ценат граѓаните“, заклучи Пренџов.