Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Премиерот на средба со пензионерите кои и досега имаа разбирање за владините мерки

Власта не се откажува од намерата да направи раздор меѓу пензионерите. Премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта не се откажува од намерата да направи раздор меѓу пензионерите. Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна само со „Сојузот на здруженија на пензионерите“, кои и досега, ги поддржуваа владините мерки. Ковачевски не одговори зошто на состанокот, не беа поканети и останатите пензионерски здруженија, кои, владините антикризни мерки, ги доживеаа како милостина.

Покачувањето на пензиите не е предизборен поткуп, туку реална помош во време на криза, вели премиерот откако јавноста се крена на нозе дека власта изготви пакет помош кои ќе трае точно до изборите. Димитар Ковачевски смета дека највозрасните граѓани немало да останат на цедило, иако до сега никој од владата не кажа, дека барањето за 5.000 денари линеарно покачување на пензиите, ќе им биде исполнето.

Здруженија на пензионери седнаа на маса со премиерот, ама не и оние кои цело време протестираа. Зошто не биле поканети, премиерот не кажа. На состанокот беа само оние кои се под капата на Сојузот на пензионери.

Реклама
  • „Нам ни е важно да го заштитиме животниот стандард на пензионерите со најниски примања, ветивме поддршка за нив и ја исполнивме. Со новиот пакет антикризни мерки во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, оние кои имаат пензија од 14.000 до 16.000 денари, ќе имаат поддршка од 2.000 денари во наредните 5 месеци, и пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари, ќе имаат поддршка од 1.500 денари месечно во наредните 5 месеци. За оваа поддршка се предвидени 35 милиони евра, и со нејзе се опфатени над 187.000 пензионери. И ова е само дел од низата мерки што како Влада ги реализираме за пензионерите. Нашата поддршка за пензионерите е континуирана, и секоја мерка е креирана заеднички во соработка со здруженијата, со сојузот и согласно нивните интереси, се разбира согласно со можностите на фондот и Буџетот на државата“, изјави премиерот Ковачевски.

На средбата меѓу власта и дел од пензионерите главната тема беа антикризните мерки. Претседателката на Здружението на пензионерите беше среќна што власта им дава помош, иако смета дека сепак може и повеќе.

И додека одредена група на пензионери е задоволна со новото покачување на примањата, друга многу поголема група веќе најавува нови протести веќе од следната недела, оти како што велат, не сакаат никој да си игра мајтап со нив.

Тие што ќе дојдат во Скопје, велат да си земат стари чевли, сандали, кои ќе ги остават пред Владата, како симбол на едно време.

Борис Грујоски