Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Премиерот најави нови мерки по Велигден: Таргетирани и комбинирани со намален ДДВ и ограничени маржи

Намалување на ДДВ и ограничување на маржите за најосновните прехранбени производи, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалување на ДДВ и ограничување на маржите за најосновните прехранбени производи, за да се избегне драстично покачување на цените во маркетите кои можат да го осиромашат народот. Ова се дел од анализите што ги прави Владата како дел од новиот пакет мерки за задржување на животниот стандард на граѓаните. Тие би требале да бидат усвоени следниот вторник на владина седница, односно по велигденските празници. Мерките ќе бидат таргетирани и комбинирани, вели Мицкоски. Дополнително, ќе има и поголеми казни за трговците кои ќе сакаат да ги изиграат потрошувачите. Законските измени наскоро треба да влезат во владина процедура.

„Следните  мерки на Владата ќе бидат потергетирани и ќе се однесуваат на одредени групи на граѓани и на одредени производи главно основни прехранбени производи. Тие ќе бидат комбинирани со  намалување на ДДВ-то и со ограничување на профитната маржа“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Државната статистика измери инфлација од 4,9% во март споредено со истиот месец лани и 0,9% во однос на февруари. За еден месец, транспортот поскапел за 3,4%, храната за 0,4%, а цените на мало за 0,9%. Мицкоски смета дека со досега усвоените мерки за пониски стапки и износи на ДДВ и акцизи кај горивата, Владата успеала да ја преполови инфлацијата, која инаку би достигнала двоцифрена бројка. Премиерот вели дека Владата мора да се подготви за подолгорочна криза, иако надежта е дека таа ќе заврши што поскоро и без големи негативни влијанија врз економијата.

Реклама

„Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5%“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Со досегашните интервенции, Владата спречи поголем ценовен удар кај горивата. Со последниот пакет мерки, за продолжување на времетраењето на понискиот ДДВ и намалувањето на акцизите, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 денари, а дизелот за 12 денари по литар за само една недела. Премиерот рече дека загубите во буџетот поради мерките се мерат во над еден милион евра дневно. Во првиот квартал годинава, приходите биле согласно очекувањата, а нови задолжувања засега не се планирани.