Реклама
Македонија

Премиерот Мицкоски, заедно со министрите Перински и Николоски, ќе го посети Ѓорче Петров за увид во тековните градежни активности

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска ќе ја посетат општина Ѓорче Петров во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“.

Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, премиерот и министрите ќе извршат увид на градежните активности на еден од седумте проекти што општината ги реализира со средства одобрен од првиот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.