Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Премиерот Мицкоски утре ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре, во 15:45 часот, ќе ја пречека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре, во 15:45 часот, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, информираат од владината прес-служба.

Во 15:50 часот ќе се одржи тет-а-тет средба во Влада. Потоа во 16:05 часот ќе се одржи билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од претстојната посета на Скопје на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.

Реклама

– Очекувам да ги реафирмираме позициите дека нашата стратешка цел останува полноправно членство во рамки на ЕУ. Некако изминативе 25 години како полека да го изгубивме образот, чекорејќи по тој пат, како малку да остана од тоа достоинство и од тој образ чекорејќи кон тој пат. Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и образот, порача Мицкоски.

Во врска со најавите на Фон дер Лајен за отворање на центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија, Мицкоски појасни дека тоа е проект, кој го туркала Владата, односно Министерството за дигитална трансформација.

– Тоа е проект што го туркаше Владата, односно Министерството за дигитална трансформација. Тоа е нешто супер за граѓаните во Македононија, бидејќи прв пат ќе користиме наши домашни ресурси. Тоа го правевме со факултетите ФЕИТ и ФИНКИ, и тоа е нешто за кое јас навистина сум возбуден и среќен, рече Мицкоски и додаде дека станува збор за заедничко кофинансирање вредно околу пет милиони евра.

Појасни дека тоа значи дека практично македонските студенти и експерти ќе можат да ги користат и црпат ресурсите, кои ги има самата ЕУ.

– И добро е што претседателката Фон дер Лајен тоа го најави. Станува збор за два проекта, од којшто едниот проект го добива Македонија, а вториот е проект што го добива Србија. Досега ги користевме искуствата и ресурсите од соседните држави, отсега ќе имаме наш сопствен центар, кој ќе се занимава со вештачка интелигенција, додаде Мицкоски.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен вчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе допатува во Скопје.

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.