Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Македонија

Преку четири јавни повици досега се поднесени 6026 апликации во рамки на ОПВ 2025

Оперативниот план за вработување за 2025 е клучен проект на Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оперативниот план за вработување за 2025 е клучен проект на Министерството за економија и труд во изминатата година. Во отчетот за првата година од мандатот, ресорниот министер Бесар Дурмиши рече дека Планот е носечка алатка и стратешки документ во борба со невработеноста за кој е обезбеден рекорден буџет од речиси 40 милиони евра.

Како што рече, ОПВ е насочен кон повеќе од 16 илјади граѓани и соопшти дека досега преку четири јавни повици се поднесени 6026 апликации.

Планот опфаќа низа специфични мерки за обуки, стекнување вештини и грантови за сопствени бизниси со кои ќе им се помогне на различни категории граѓани – млади до 29 години и луѓе од ранливи групи да се (само)вработат и да станат економски независни.

Реклама

Дурмиши се осврна и на поддршката за компаниите и на заштита на граѓаните поради инфлаторните притисоци за што, рече, беше донесена мерка за скалесто ограничување на маржите за 102 групи производи – над илјада артикли.

-Стапката на инфлацијата е намалена за 1,3 проценти, а цените на храната за 3 проценти само во март 2025, а преку други мерки кои дадоа резултати постигнавме намалување на цените и реална заштеда за семејствата, рече Дурмиши, додавајќи дека Министерството постојано ги следи податоците од релевантни институции и прави анализи со мерки за да се заштитат граѓани од ценовни шокови или нарушување на трговските текови.

Посочи и за воведената обврска за маркетите да ги објавуваат цените на нивните веб-страници и соопшти дека во следниот период ќе се изработи и апликација која преку алгоритам ќе ги споредува цените и ќе им покажува на граѓаните каде е производот најевтин и во нивна близина.

Соопшти дека во март е реализирано законското зголемување на минималната плата – од 22.567 на 24.379 денари односно покачување од околу 8 проценти

Меѓу другото, во отчетот тој истакна дека е горд што Министерството издало лиценца за компанијата „Киел“ за отворање нов производствен капацитет во ТИРЗ зоната во Тетово.

-Во тек се четири нови инвестиции во оваа зона со цел создавање нови работни места, кои ќе ја стимулираат локалната економија и ќе ја зголеми регионалната конкурентност, истакна Дурмиши.

Посочи и дека буџет од 45 милиони денари е наменет за јавни повици за поддршка на занаетчиство, дигитализација, конкурентност на индустријата, стандардизација на ИСО и Халал-стандарди, акредитација на лаборатории и поддршка на НВО кои ги штитат потрошувачите.

Во отчетот Дурмиши информираше и дека се зајакнати инспекциите така што Трудовиот инспекторат ги зголемил контролите за 20 отсто, а Пазарниот инспекторат за 15 проценти.

-Оваа беше година на предизвици, а уште повеќе година на труд, посветеност и вистинска ориентација кон граѓанинот. Нашите политики имаат една заедничка нишка – подобрување на квалитетот на живот, зајакнување на пазарот на трудот и обезбедување економски раст и стабилност, порача министерот економија и труд.