Реклама

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Прилози

Цената на нафтата надмина 94 долари

Цената на нафтата се искачи на највисоко ниво во трите последни недели,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на нафтата се искачи на највисоко ниво во трите последни недели, достигнувајќи 94 долари за барел. Континуираниот раст е резултат на неизвесноста на конфликтот на Блискиот Исток, кој не покажува знаци дека ќе биде разрешен со преговори во скоро време. Американскиот претседател Доналд Трамп најави жестоки мерки за Техеран кои ќе ги опфатат сите нивни трговски елементи, тврдејќи дека им дал повеќе можности за мировен договор.

„Шверц на нафта, линии за размена, трансфери на готовина, менувачници, бродски регистри, компании-параван – сето ова мора веднаш да престане. Знаете кои сте. Никој не ѝдаде на Исламската Република Иран поголема можност да постигне договор од мене. Трагично за нив, тие не ја искористија“, изјави претседателот на САД Доналд Трамп.

Најновата стратегија на САД за отворање на  Ормускиот Теснец кој е клучен за превезување на нафтата, е голем економски притисок врз Иран. Наместо напади со дронови и ракети, американската влада се заканува со „економска изолација каква што светот никогаш не видел“. Таа планира значително да ги засили санкциите врз Иран како и врз сите негови трговски партнери од кои еден од најважните е Кина.

Реклама

„Исто така, денес објавувам дека секоја земја што им дозволува на своите финансиски институции, компании, аеродроми или владини агенции да обезбедат каква било форма на помош на Иран ќе се соочи со огромни економски последици. Ова ќе биде економски Ден-Д и потребна ни е поддршката од сите наши сојузници за да ја изолираме и победиме иранската закана заедно со Соединетите Американски Држави.“, изјави Трамп.

Детали за американскиот план се очекуваат во понеделник и како што стојат работите не даваат многу надеж за отворање на теснецот, бидејќи веќе со месеци тие ионака вршат голем економски притисок врз Техеран, а војната се наближува до шестиот месец.