Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

10 дена пред почетокот на учебната година – помалку првачиња, 26 затворени училишта

Помалку првачиња ќе седнат во училишните клупи годинава. Демографскиот пад силно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помалку првачиња ќе седнат во училишните клупи годинава. Демографскиот пад силно се чувствува и во образованието, а ова ја наметнува потребата од реорганизација на наставата, особено во руралните средини. Министерството веќе споило 190 паралелки во основното образование. Во минатото спонтано се затворени 124 училишта, а годинава, според последната проценка на министерката Јаневска, ќе бидат затворени 26 училишта. Прогнозите се дека бројот на првачиња ќе биде намален за околу 3 илјади во однос на претходните години.

„Евидентно е дека бројот е намален, но образованието не може да влијае на демографијата, но може да влијае на условите во кои нашите најмлади учат и тоа и го правиме за нивните родители да бидат задоволни и тие да останат да се школуваат во нашата земја.“ вели министерката за образование, Весна Јаневска

Основците од училиштата кои ќе бидат опфатени со реорганизацијата, заради нивна социјализација, ќе бидат преселени во најблиското училиште. Од Министерството уверуваат дека ниту едно дете нема да остане без пристап до образование. Но, за децата од помалите населени места, патот до најблиското училиште значи и задолжителен организиран превоз. А токму превозот може да биде најголемиот проблем за дел од учениците во Струга. Превозниците најавуваат бојкот, Ќура бара начин како да го подмири долгот направен во времето на Рамиз Мерко.

Реклама

„Барањето од нивна страна е дека треба да се исплати стариот долг, долгогодишен долг од 60.000 евра и иако од моето доаѓање тука веќе исплатени се околу милион и пол денари. Значи, плаќањето се одвива, ние како општина настојуваме да ги измириме сите долгови, меѓутоа треба да имаме предвид дека овие долгови настанаа од минатите години, што за жал не се исплатени.“ 01.19 – вели Менди Ќура, градоначалник на Струга

„Буџетот на образованието е огромен. Никогаш не бил поголем. Ние префрлуваме блок дотации според број на ученици, според формула која постоела. Сега имаме нова формула, која оптимално треба да ги покрие трошоците на општините. За недомаќинското работење на одреден број градоначалници, Министерството не е одговорно и не може да одговара.“ – вели министерката Јаневска

Додека државата спроведува неминовна реорганизација во интерес на учениците, родителите се загрижени како нивните деца навреме и безбедно ќе стигнат до училиштето. Сè ќе зависи од тоа дали Општина Струга и превозниците ќе успеат да го решат спорот пред почетокот на учебната година.