Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Преговори Русија – Украина без Путин и Зеленски, го нема ниту Трамп

Попладнево ќе започнат мировните преговори за прекин на огнот во Украина откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Попладнево ќе започнат мировните преговори за прекин на огнот во Украина откако на иста маса ќе седнат руска и украинска делегација. Володомир Зеленски пристигна во Анкара на средба со неговиот колега, Реџеп Таип Ердоган. Нема најава дека украинскиот претседател директно ќе се вклучи во разговорите кои се водат во Истанбул.

„Ќе размислиме што ќе правиме, какви ќе бидат нашите чекори по разговорот со претседателот Ердоган. Мислам дека ќе имаме неколку часа за важен разговор, многу важни одлуки. Мора да разбереме на кое ниво е руската делегација, каков мандат имаат. Дали се способни сами да донесат барем нешто“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Претседателот на Русија Владимир Путин нема да присуствува на преговорите во Истанбул. Руската делегација ќе биде предводена од неговиот помошник Владимир Медински.

Реклама

„Како што нагласи рускиот претседател, целта на овие преговори, цитирам, е „да се елиминираат коренските причини за конфликтот и да се воспостави долгорочен, одржлив мир со историска перспектива“, како што беше постојано наведувано претходно. Руската страна е посветена на сериозни преговори. Руската делегација пристигна во Истанбул и е подготвена за суштинска работа“ Марија Захарова, портпаролка на руското министерство за надворешни работи

Откако Путин ја одби поканата на Зеленски за ставање на крај на војната меѓу двете држави, америкаснкиот претседател Доналд Трамп соопшти дека нема да учествува на состанокот. Државниот секретар на САД, Марко Рубио со јасен став дека Трамп сака да заврши војната.

„Размислував да одам, но е многу тешко поради она што го правиме денес и утре. Но, знаете, ако нешто се случи, би одел во петок ако беше соодветно, но во моментов имаме луѓе кои преговараат и мислам дека само се надевам дека Русија и Украина ќе можат да направат нешто, бидејќи тоа мора да престане“ вели Доналд Трамп, претседател на САД

Претходно руска и украинска делегација се најдоа на преговарачка маса во Џеда, Саудиска Арабија каде изнајдоа делумно решение за прекин на огнот во времетраење од 30 дена.

Давид Крстевски