Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Предлог законот за Судски совет е во владина процедура

Предлог законот за Судскиот совет влезе во владина процедура. Откако ќе помине…

Сподели:

Предлог законот за Судскиот совет влезе во владина процедура. Откако ќе помине на владина седница и добие зелено светло, ќе треба да биде изгласан и од пратениците во Парламентот. Претходно, законот доби позитивна оценка од Венецијанската комисија. Оценската мисија на ЕУ што влезе во Судскиот совет по скандалите коишто ги приредија членовите, препорача рок во кој законот треба да биде изгласан, а тоа е до крајот на месецов. Според досега сработеното, законот може да доцни една до две недели, за да ги помине собраниските процедури.

Построги критериуми за избор на членови, прецизни правила за разрешување и правила за индивидуална одговорност која досега ја немало. Министерот за правда Игор Филков е задоволен од законското решение. Уверува, со новиот предлог закон, секоја одлука од Судскиот совет ќе биде објавена пред јавноста, а за неа,  доколку се коси со законот, ќе сноси одгворност тој што ја донел.

Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука. За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака, вели Игор Филков, министерот за правда.

Реклама

Покрај овој закон, од пакетот закони за реформи во правосудството Министерството за правда подготви пет од осум закони.

Во пакетот осум закони со рок за носење до крајот на јуни годинава се: Закон за платите на судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и Законот за платите на членовите на Советот на Јавни Обвинители.

Инаку во изминативе години работата на правосудните институции го допреа дното. Ова го покажуваат анкетите за довербата на граѓаните во судскиот систем којашто според резултатите,  е на ниво на статистичка грешка од само 2 %.

Судскиот совет последниве години работи со голем број скандали и е критикуван за несовесно работење од претставниците на меѓународната заедница кај нас. Оценската мисија на ЕУ која влезе во советот по избивањето на скандалот со разрешувањето на претседателката Весна Дамева даде 40 препораки ова тело самото да се реформира.

Премиерот Христијан Мицкоски откако формираше влада најави реформи во правосудсниот систем и во двата најбитни тела во судството. Судскиот и обвинителскиот совет.

Покрај незадоволството на граѓаните, и во последниот извештај на ЕК се говори за партиски влијанија и непотизам при избори на судии во Судскиот совет.

.