Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на собраниска комисија

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и економски прашања, труд и енергетска политика, како и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Македонија, во прво читање, и разгледувањето на извештајот на Законодавно-правната комисија по предлог-законот за Јавното обвинителство – второ читање.

Како што информираа од Министерството за правда, предлог-законот за Советот на јавните обвинители претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.

Реклама

Детаљно уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се поведува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот и засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на јавниот обвинител на Македонија, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието, се дел од клучните измени во предлог-законот.

– Зајакната транспарентност на работата на Советот преку јавност на второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци за заштита на лични податоци, угледот на странките и други легитимни интереси. Воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот, со кои се гарантира стручност, искуство и интегритет по примерот на новиот Закон за Судскиот совет. Детаљно уредена постапка за разрешување член на Советот, со прецизирани рокови и јасни критериуми, се посочува во предлог-законот.

Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страница, се посочува дека одредбите на предлогот на Законот за Советот на јавните обвинители на Република е меѓусебно поврзан со одредбите и решенијата во предлог-законот за Јавното обвинителство и со нив се пристапува кон надминување на предизвиците утврдени во повеќе домашни и меѓународни стратешки документи во насока на реализација на целта за зајакнување на самостојноста на улогата и подобрување на ефикасноста и квалитетот во постапувањето на Јавното обвинителство, во согласност со стандардите на ЕУ.

Со донесување на законот за Јавното обвинителство и законот за Советот на јавните обвинители на Македонија, како што се посочува, се очекува да се зајакнува самостојноста на Јавното обвинителство, зајакнување на механизмите за одговорност на лицата што вршат функции во правосудниот систем, зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Јавното обвинителство, зајакнување на критериумите за избор на јавните обвинители. Се посочува дека обвинителите, кои се предмет на дисциплинските постапки, ги имаат сите гаранции за правично судење во согласност со одредбите од овие два закона.

Како што тогаш посочија од Министерството за правда, предлог-законот заедно со предлог-законот за Јавното обвинителство добил заедничко позитивно мислење Венециската комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се предлог-финансиски план за 2026 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија и предлог-одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија за 2026 година.